Home » Uncategorized » Отворен ден во ОСТУ „Наце Буѓони”

Отворен ден во ОСТУ „Наце Буѓони”

На ден 27.05.2022 г. (петок) со почеток во 11.00 до 14.00 часот во нашето училиште беше организиран отворен ден каде деветоодделенците од нашиот град имаа можност да ги посетат нашите штандови претставени од учениците од електротехничка, машинска и здравствена струка како и наградените ученици и учесници од Народна техника. Настанот како и секоја година така и оваа беше со цел запознавање со струките и профилите кои се изучуваат во нашето училиште, условите во кои се одвива наставата, кабинетите како и штандови од фирмите каде се одвива феријалната пракса и практичната настава. Штанд имаа фирмите Дрекселмаер и Диаверум со што посетителите можеше повеќе да се запознаат со начинот на обавување на феријална пракса. Интерактивни штандови и дружење меѓу сегашни и идни ученици имаа и по предметите македонски и англиски јазик и математика, каде што деветоодделенците низ игри можеа многу повеќе да се запознаат со овие предмети.