Home » Uncategorized » ПРИЈАВА за упис во ПРВА година во учебната 2021/2022 година

ПРИЈАВА за упис во ПРВА година во учебната 2021/2022 година

Пријавата треба да биде пополнета дома од страна на ученикот, и тоа само првата страна, и се доставува заедно со оригинал свидетелствата за VI, VII, VIII и IX одделение, оригинал извод од матичната книга на родените (без разлика на датумот на издавањето) и диплома за освоено I, II и III место на државни и меѓународни натпревари. Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.

Самата пријава ви ја доставуваме како прилог на ова соопштение, во pdf формат, на македонски и на албански јазик, со напомена дека истата задолжително треба да биде испечатена двострано.

Пријавата на македонски јазик можете да ја преземете тука.

Пријавата на албански јазик можете да ја преземете тука.