Home » Uncategorized » Ученици од ,,Наце Буѓони’’ во посета на фабриката ,,Ван ХООЛ”

Ученици од ,,Наце Буѓони’’ во посета на фабриката ,,Ван ХООЛ”

Ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони’’ беа во посета на фабриката за производство на автобуси Ван ХООЛ Македонија, која се наоѓа во индустриската зона во Илинден, Скопје.

Дел од оваа посета беа учениците од завршни години на електротехничка и машинска струка, на кои им беше претставен начинот на фукционирање на фабриката, целиот производствен процес како и условите при работа на вработените. Како идни потенцијални вработени се запознаа и со начинот на аплицирање за слободните работни позиции и условите за практикантска обука.

Посетата се реализираше како дел од потпишаниот Меморандум за соработка.