Home » Uncategorized » Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” добија една прва и две трети награди на ликовниот конкурс по повод Месецот на книгата

Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” добија една прва и две трети награди на ликовниот конкурс по повод Месецот на книгата

По повод Месецот на книгата библиотеката “Тане Георгиевски” организираше и ликовен натпревар за ученици од средни училишта, на тема – “Една ноќ во Библиотеката” на кој учество зедоа и ученици од нашето училиште.

Традицијата на добиени награди продолжи и оваа година и со гордост може да кажеме дека во конкуренција од сите средни училишта, нашата ученичка Мила Алексиќ од ll9 клас доби прва награда, а ученичките Меланија Додевска од ll7 клас и Лаура Цветковска од ll9 клас добија трета награда.

 Ментор на наградените ученици е Тања Соларска – Темелковски!