Home » Uncategorized » Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” добија прва и трета награда на литературниот конкурс по повод Месецот на книгата

Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” добија прва и трета награда на литературниот конкурс по повод Месецот на книгата

По повод Месецот на книгата библиотеката “Тане Георгиевски” организираше награден литературен конкурс на кој учество зедоа и ученици од нашето училиште.

Традицијата на добиени награди продолжи и оваа година и со гордост може да кажеме дека во конкуренција од сите средни училишта, нашиот ученик Марио Илиевски од ll6 клас доби прва награда за прозна творба а матурантката Георгина Стојмановска доби трета награда за поетска творба.

Ментори на наградените ученици се Катерина Пешевска и Лидија Цветкова!

Активот по македонски јазик и литература продолжува и понатаму да учествува на вакви манифестации кои го негуваат убавиот пишан збор и во кои младите се поттикнуваат да го искажат својот талент и љубов кон мајчиниот јазик!