Home » Uncategorized » Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” со нови активности во рамки на проектот „Обединети во мирот”

Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” со нови активности во рамки на проектот „Обединети во мирот”

„Различностите нè зближуваат“ е пораката која што ја испратија средношколците од ОСТУ „Наце Буѓони“, кои учествуваат на проект „Обединети во мирот“, кој го реализира Здружение „Доверба“ – Куманово.

Преку проектот „Обединети во мирот“ Здружение „Доверба“ – Куманово продолжува на работа на А) Создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност Б) Запознавање на култура на припадниците од „другите“ етнички заедници како пат за градење иднина во мир. Примена на различни техники на самоизразување преку цртање на поединечни и групни идеи со ученици од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово, а поддржан од „Екуменска иницијатива жена“ – Хрватска.

Видео од активноста може да погледнете тука.