Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија за учебната 2019/2020 година ќе се реализираат во следниве термини:
30.06.2020 година – македонски јазик и литература, албански јазик и литература
01.07.2020 година – странски јазик
02.07.2020 година – хемија, биологија, физика, историја, бизнис
03.07.2020 година – математика
Полагањето на државна матура ќе се реализира во просториите на ОСТУ„ Наце Буѓони“ Куманово, со исклучок на математика кој ќе се реализира во ПСУ „ Нова“ Скопје општина Карпош.
Протоколот за постапување при реализацијата на испитите од државната матура во учебната 2019/2020 година погледнете го тука.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите кандидати кои ќе полагаат државна матура на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето
- почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е откако редарот ќе ви дозволи
- Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама и шал), во спротивно нема да ви биде дозволен влез во училиштето
При полагањето на испитите кандидатите треба да ги почитуваат правилата кои се објавени на matura.gov.mk на следниот линк.