Home » Uncategorized » Склучен меморандум за соработка меѓу директорот на ОСТУ “Наце Буѓони” и претседателката на Здружение “Доверба” Куманово

Склучен меморандум за соработка меѓу директорот на ОСТУ “Наце Буѓони” и претседателката на Здружение “Доверба” Куманово

Денеска беше склучен меморандум за соработка меѓу директорот на ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово  Драган Јаневски и претседателката на Здружение “Доверба” Куманово Дивна Јанкова за работа на проектот “Обединети во мирот”, поддржан од страна на “Екуменска иницијатива жена”.

Пред 18 години во работа на план на ненасилна комуникација Здружение “Доверба” Куманово отвори клубови за медијација во 5 основни и 4 средни училишта кои беа први такви иницијативи во земјата. Во овој проект ќе се продолжи со работа на зајакнување на довербата и силата на ненасилството како предуслови на изградба на мирот помеѓу ученици од различни етнички заедници во ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово.

Проектните активности ќе бидат насочени на создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност и вештини за посредување и медијација.

Работата ќе се одвива преку обуки и работилници за:
А) Решавање на конфликти по пат на ненасилна комуникација и медијација, а потоа и на промоција преку едукација и директна работа во решавање на измислени и вистински случаи во клубови за медијација отворени во двете згради на училиштето. Работата ќе ја водат искусни тренери за медијација и посредување, а учесници ќе бидат 20 мотивирани ученици од различни етнички заедници.
Б) Запознавање на култура на припадниците од “другите” етнички заедници како пат за градење иднина во мир. Примена на различни техники на самоизразување преку цртање на поединечни идеи и сликање на заедничка групна слика на тема “Различитости не зближуваат” која ќе ја води искусен ликовен уметник со 20 ученици.
Сите активности на крај на проектот кој ќе трае од 01.02 до 01.08 2022 год. ќе бидат јавно презентирани пред кумановските средношколци и основци, нивни наставници и родители.
Ќе биде дистрибуирана и брошура “На пат за подобро разбирање “.
273247538_4807061565996287_6637123560022974299_n