По повод Месецот на книгата библиотеката “Тане Георгиевски” организираше и ликовен натпревар за ученици од средни училишта, на тема – “Една ноќ во Библиотеката” на кој учество зедоа и ученици од нашето училиште.
Традицијата на добиени награди продолжи и оваа година и со гордост може да кажеме дека во конкуренција од сите средни училишта, нашата ученичка Мила Алексиќ од ll9 клас доби прва награда, а ученичките Меланија Додевска од ll7 клас и Лаура Цветковска од ll9 клас добија трета награда.
Ментор на наградените ученици е Тања Соларска – Темелковски!