Резултати од Екстерно тестирање на матуранти
Екстерно тестирање на матуранти се одржа на 22 и 24 јануари 2014 година. Резултати од тестирањето:
EET_Results_Type2_447
Училиште денес
Развојот на стопанските субјекти во Куманово допринесе да се зголеми интересот на учениците за некои струки и профили, а со тоа се јави и потреба од обезбедување соодветни услови за едукација. За разлика од минатото, училиштето денес располага со три училишни згради и тоа:
-
-Централна зграда во која настава се одвива на македонски наставен јазик
-Зграда во дирекција ЗИК во која настава се одвива на албански наставен јазик
-Работилница во која се наоѓа современо опремени кабинети за практична настава
Денес некогашниот Металски центар прерасна во современо и модерно Општинско Средно Техничко Училиште Наце Буѓони со 2092 ученика распределени во 68 паралелки(34 на македонски и 34 на албански наставен јазик).
Ученици
Како резултат на општествените промени, совладувањето и примената на новите наставни методи, голем број ученици активно се вклучени во воннаставни активности како што се:
-Проекти со: ОБСЕ, НВО Триаголник, НВО Порака, НВО Доверба, Извиднички одред СКАУТ
-Посета на: саем на книга во Куманово и Скопје, планетариум, театарски претстави, уметничка галерија во Куманово.
-Учество на: општински, регионални и државни натпревари, интерни конкурси, литературни средби, спортски активности, Ден на Европа, Кумановски маскенбал, крводарителска акција, трибини за борба против зависност, конфликти и медијација