Home » Uncategorized » ОСТУ ,,Наце Буѓони” во новата учебна година со нов лик

ОСТУ ,,Наце Буѓони” во новата учебна година со нов лик

ОСТУ ,,Наце Буѓони” добива нов лик со енергетски ефикасна фасада. Реконструирани се и двете спортски игралишта во склоп на училиштето со нова тартан подлога, комплет голови и кошеви, трибини и заштитна ограда. Извршено е партерно уредување на училишниот двор со асфалтирање и бекатонирање на пристапни патеки и хортикултурно уредување. Заменети се старите прозорци во училишните ходници и во делот со работилници.

Наставата се изведува во современо опремени училници и кабинети. Училиштето ја започна новата учебна година со 46 смарт табли и ЛЦД проектори за целото училиште за паралелки на македонски и албански наставен јазик. Набавени се нови нагледни средства и електронска опрема за настава во сите струки, надополнета е компјутерската и мрежна опрема.

Преку овие уреди наставниците можат да ги презентираат пред учениците, на лесен и разбирлив начин, новите наставни содржини, а преку современите нагледни средства учениците можат практично да ги применуваат стекнатите знаења. На овој начин ќе се обезбеди поквалитетен образовен процес и зголемување на интересот за нови знаења.