Home » Uncategorized » СООПШТЕНИЕ за второ пријавување за уписите во прва година во учебната 2020/2021 година

СООПШТЕНИЕ за второ пријавување за уписите во прва година во учебната 2020/2021 година

Запишувањето во прва година во второто пријавување во првиот уписен рок во учебната 2020/2021 ќе се реализира во термините 24 јуни од 07 часот до 19 часот и на 25 јуни од 07 часот до 13 часот.

Пријавата која треба да биде пополнета дома од страна на ученикот, и тоа само првата страна, и заедно со оригинал свидетелствата за VI, VII, VIII и IX одделение, оригинал извод од матичната книга на родените (без разлика на датумот на издавањето) и диплома за освоено I, II и III место на државни и меѓународни натпревари. Комплетните документи ги доставува самиот ученик, или во оправдани ситуации на негово отсуство, еден од родителите или старателите.

Самата пријава ви ја доставуваме како прилог на ова соопштение, во pdf формат, на македонски и на албански јазик, со напомена дека истата треба да биде испечатена двострано.

Ранг листата со резултатите од запишаните ученици ќе се објави на 26.06.2020 година по 9.00 часот, на веб страната и на влезот од училиштето.

При уписот строго ќе се почитуваат правилата според уредбата на Владата на Република Северна Македонија, со обврзно  носење на заштитни маски и држење на растојание од 2 метри:

103631189_580908342563558_6944794901789226818_n

Исто така, во училиштето ќе бидат јасно означени насоките на движење при уписот.

За дополнителни информации можете да не исконтактирате на тел. 031/432-180, на e-mail адресата [email protected], или на фан страницата на училиштето на фејсбук – ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово – www.nacebugjoni.mk.

 

Пријавата на македонски јазик можете да ја преземете тука.

Пријавата на албански јазик можете да ја преземете тука.