ОСТУ ,,Наце Буѓони” добива нов лик со енергетски ефикасна фасада. Реконструирани се и двете спортски игралишта во склоп на училиштето со нова тартан подлога, комплет голови и кошеви, трибини и заштитна ограда. Извршено е партерно уредување на училишниот двор со асфалтирање и бекатонирање на пристапни патеки и хортикултурно уредување. Заменети се старите прозорци во училишните ходници и во делот со работилници.
Наставата се изведува во современо опремени училници и кабинети. Училиштето ја започна новата учебна година со 46 смарт табли и ЛЦД проектори за целото училиште за паралелки на македонски и албански наставен јазик. Набавени се нови нагледни средства и електронска опрема за настава во сите струки, надополнета е компјутерската и мрежна опрема.
Преку овие уреди наставниците можат да ги презентираат пред учениците, на лесен и разбирлив начин, новите наставни содржини, а преку современите нагледни средства учениците можат практично да ги применуваат стекнатите знаења. На овој начин ќе се обезбеди поквалитетен образовен процес и зголемување на интересот за нови знаења.