Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, нашето училиште ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово заедно со партнер училиштето ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес, реализираше работилница на тема: „Што ме прави среќен, а што тажен“.
Работилницата се реализираше на Спомен Костурницата во Куманово и на работилницата земаа учество ученици од различна етничка припадност од двете училишта, директорите од двете партнер училишта, одговорните наставници, членови на тимовите за меѓуетничка интеграција, педагошко – психолошката служба и родители.
Најнапред присутните учествува во воведна вежба за запознавање, потоа вежба за релаксација „Долина на среќата“ и на крај вежба „Што ме прави да се чувствувам добро во врска со себе, како и што ме прави да не се чуствувам добро во врска со себе“. Влијанието на семејството, училиштето и средината на среќата. Сето тоа учениците го запишаа на хамери и истите ги презентираа. На крај снимаа кратки видеа за создавање позитивна слика за себе и наоѓање на одбранбени механизми за поефикасно функционирање. Работилниците ги водеа психолог Дивна Јанкова и педагог Ваљдет Арифи.
На средбата стана збор и за 11ти Ноември – Денот на градот и се потсетивме на имињата на спомен плочите на паднатите борци во борба против фашизмот за слобода од различни националности и за големата придобивка за меѓуетничка соработка. На крај следеше кратка прошетка покрај кејот на реката Кумановка и разгледување на градот Куманово како и училиштето домаќин.