Денес, по повод Денот на здравјето учениците од здравствена струка од ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово, традиционално го одбележаа со мерење на крвен притисок и шеќер во крвта на Градскиот плоштад.
Во соработка со Здружение на дијабетичари и Црвен крст Куманово, учениците поделија флаери изработени од нив самите и им укажаа на граѓаните за предностите на здравиот начин на живот во чест на денешниот ден.
Честит празник на сите здравствени работници,од тимот на нашето училиште.