Home » Струки
Струки
Техничар за индустриска мехатроника
Образовниот профил „Техничар за индустриска мехатроника” е базиран на германскиот модел на дуално стручно образование при што посебен акцент се става на практичната обука што ќе се спроведува во компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР.
Со овој образовен профил се интегрираат знаења, вештини и компетенции од областа на електрониката, машинството и информатиката. Техничарот за индустриска мехатроника наоѓа примена во повеќе индустриски гранки особено каде што има автоматизација на производните процеси.
Исто така, ќе може да извршува работни задачи како: Електротехничар за автоматски и контролни системи, Техничар за процесна автоматика, Техничар за роботика и интелигентни системи, Електротехничар за комуникации, мерења и управување во електроенергетиката, Оператор на електрични машини и електромоторни погони, Оператор на компјутерски управувани системи, Оператор на технологијата на обработка на метали со деформација и режење и на други работни места, согласно со квалификацијата.
Електротехничар-енергетичар
Електротехничар-енергетичар e насока во чии рамки се образуваат стручни кадри потребни за работа во областа на производство и дистрибуција на електричната енергија. Со диплома од оваа насока може да се најде работа во термо и хидроелекрани, во елекртродистрибуција, како и во фабрички комплекси за одржување на трафостаници и во фирми кои се занимаваат со трговија на опрема потребна за производство и транспорт на електричната енергија.
Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Електротехничар-енергетичар.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
Електротехничар за компјутерска техника и автоматика е насока која образува техничари за работа со хардвер и софтвер, односно техничари кои се занимаваат со одржување на електрониката на самиот компјутер. Денес се живее во време на експанзија на компјутерите кои наоѓаат примена во сите општествени дејности, па затоа ова занимање е многу атрактивно и можностите за вработување се големи. Со завршување на четиригодишното образование,учениците се стекнуваат со звање-Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:
Конструкциски механичар
Конструкцискиот механичар е насока која прави спој помеѓу занимањата бравар, машинобравар и заварувач во една целина која овозможува учениците да добијат квалификации за подготовка и изведба на машински конструкции со различни постапки на обработка и заварување.
Учениците ќе бидат оспособени да:
- Работат со челични конструкции
- Обработуваат метали со сечење, виткање, дупчење итн.
- Читаат технички цртежи и друга техничка документација
- Препознаваат машински склопови, потсклопови
- Користат податоци од каталози
- Заваруваат со повеќе постапки за електролачно и гасно заварување
- Ја познаваат примената на челиците
- Подготвуваат материјали за изведба на различни видови завари
- Идентификуваат начини на заштита од корозија
- Заваруваат елементи од леано жеезо, конструктивен и легиран челик
- Заваруваат елементи од алуминиум, бакар и нивни легури
- Почитуваат инструкции за безбедно ракување со опремата и употребување на заштитни средства
- Познаваат начини за обезбедување квалитет на заварените врски
- Изведуваат монтажа на носечки и покривни заварени конструкции
- Изведуваат и монтираат разни цевководи и цевководи од бакар за греење, климатизација и транспорт на гасови
- Изучуваат постапки за лемење и лепење
- Изучуваат постапки за заварување со електричен отпор, плазма и други извори на заварување
. Со завршување на тригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Конструкциски механичар.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:
Машинско-енергетски техничар
Машинско-енергетски техничар е насока која образува кадри кои ќе бидат способни да избираат соодветни материјали за проектирање на производи, проектирање на сите видови на системи на централно греење и управување со процесите кои се случуват со нив.Овие техничари пректираат разни видови на термоенергетски и хидроенергетски постројки, разни видови на пневматски и гасни постројки, учествуваат во контрола на квалитетот. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање – Машинско-енергетски техничар.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:
Tехничар за компјутерско управување
Техничар за компјутерско управување e образовен профил на кој се изучуваат компјутерски програмски пакети за 3D моделирање, се изработуваат модели на машински елементи, подсклопови и склопови, проектирање и управување со компјутерски управувани машини, изработување на компјутерска симулација на технолошки процеси. Со завршување на четиригодишното образование, учениците се стекнуваат со звање –Техничар за компјутерско управување.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години:
Медицинска сестра
Медицинска сестра е насока која образува кадри кои имаат најблизок непосреден контакт со болните. Под тоа се подразира нега на болниот, односно медицинската сестра директно учествува во делење на терапија на болните, земање на материјал за лабораториски анализи, водење на медицинска документација, припрема на болните за одредени медицински работи. Медицинската сестра води сметка за состојба на пациентот, за негова хигена и непрекинато учествува во унапредување на здравствената култура. Практична настава се одвива во Општа болница Куманово. Со завршување на четиригодишно образование, учениците се стекнуваат со звање – Медицинска сестра.
Предмети што се изучуваат во овој профил по години: